Деветгодишник бил повреден од мопед вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска СВР Велес. Несреќата се случила на улицата Вишешница.

– Мопед марка „јуинг 50“ со кавадаречки регистарски таблици управуван од С.А.(55) од Кавадарци удрил во пешакот, кој се здобил со телесни повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци, каде му е укажана медицинска помош – велат од СВР Велес.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.