Триесет и петгодишен маж загина при скок во Охридското Езеро на плажата Лагадин.

Според информациите на полицијата, вчера во 20 часот било пријавено дека во Охрид на плажата Лагадин, Д.Л.(35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата.

Од здобиените повреди, при транспорт во болница, повредениот починал.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.