Албански државјанин, по кого Интерпол од Белгија има распишано потерница, бил уапсен на граничниот премин Долно Блаце.

Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот, полициски службеници го привеле M.С.(22) од Албанија бидејќи при извршени гранични проверки било констатирано дека се наоѓал на листата со мерка „Апси“, по барање на Интерпол од Белгија.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.