Шеесет и седумгодишен жител на Кичево е приведен откако е пријавено дека во близина на Правниот факултет сексуално вознемирил шестгодишно девојче.

Случајот во полиција вчера го пријавил жител на Кичево околу 14:25 часот, откако забележал дека машко лице го допира девојчето по делови од телото.

Полициски службеници излегле на местото каде ги затекнале пријавителот, шестгодишното девојче и неколку граѓани. Од полицијата информираат дека по преземени мерки, по кратко време од слобода е лишен 67-годишниот Б.С. од Кичево.

Над детето е извршен лекарски преглед, при што не се констатирани телесни повреди, а извршен е и разговор во присуство на родител и социјален работник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.