Фото: Илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Е.Д.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, информира МВР во дневниот билтен.

-На 17.01.2019 година околу 21.30 часот во Кавадарци полициски службеници извршиле преглед кај пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана. Додека, при претрес во домот на пријавената, исто така, била пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис- соопшти МВР.