Фото: Илустрација

Четириесет и тригодишна жена од скопското село Кадино е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на сервисната улица штоги поврзува улицата „1“ и автопатот Пријателство – клучка Илинден. Несреќата се случила кога автомобилот „сеат ибица“, во кој се возела жената како сопатничка, управувано од Б.В.(32) од село Илинден, удрило во метална ограда.

Т.Б. била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.