Фото: Илустрација

Едно лице загина кога автомобил „фиат панда“ излета од локалниот пат село Падалиште-Гостивар, а уште две лица се повредени.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 13:00 часот се случила сообраќајна незгода во која А.Б (21) од село Падалиште, управувајќи патничко моторно возило „Фиат панда“ со италијанска национална ознака, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Возачот А.Б. и сопатниците А.А. (25) и А.Т. (23) двајцата од село Падалиште, биле пренесени во Медицински Центар Гостивар, каде кај возачот А.Б. е констатирана смрт, А.Т бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.