Во попладневните часови на 8 март, во гостиварската болница „Ферид Мурад“, за укажување лекарска помош била примена 78-годишната И.Р. од гостиварското село Сенокос, која набргу починала на интерното одделение.

Според пријавеното, набргу потоа нејзиниот син, 51-годишниот Б.Р., физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот.

Увид во болницата извршила екипа од гостиварската полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.