Полицијата од Делчево поднесе кривична пријава против 17-годишник од овој град и против Б.И. од делчевското село Град, со престојувалиште во Италија, поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

Како што информираат од МВР, во периодот од 25 октомври до 27 ноември минатата година, малолетникот набавил и држел кај себе повеќе фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра, од кои четири пуштил во оптек во продажни објекти и менувачница во Македонска Каменица.

При претрес кај него биле пронајдени и одземени 35 банкноти.

Б.И. земал една фалсификувана банкнота од малолетникот и ја дал на друго лице, кое не знаејќи дека е фалсификувана ја пуштило во оптек во продажен објект во Делчево.