Фото: Илустрација/Зоран Антоски

При вчерашните сообраќајни контроли што беа спроведени во периодот од 17 до 23 часот, кај двајца возачи од Кичево било констатирано, дека управуваат патничко моторно возило под дејство на алкохол.

Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се сообраќајните документи и против нив ќе бидат поднесесени соодветни пријави.Инаку во саботата полициските службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контрола во 20 угостителски објекти во градот , при што е констатирано дека еден угостителски објект не ги почитувал одредбите за пропишано работно време и останатите протоколи, по што објектот од страна на ДПИ е затворен, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. З.А.