Градежен работник е потешко повреден по пад од скеле при изведување на градежни работи во гостиварското село Форино.

Според СВР Тетово, синоќа околу 19 часот при демонтажа на градежно скеле, Ј.Ч. (38) од Чегране, вработен во фирмата која ги изведувала работите на објект, загубил контрола и паднал од последната платформа.

Набрзо по падот, тој е пренесен во гостиварската општа болница, од каде заради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар во Скопје.

По несреќата, увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово и инспектор за труд, безбедност и здравје.

Во тек се мерки за расчистување на случајот и околностите под кои се повредил работиникот.