Вработен во погребален сервис Бутел вчера во полицијата пријавил дека на гробиштата од црквата Свети Никола во селото Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната.

Од полицијата информираат дека гранатата била со должина од околу 30 сантиметри.

Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.