Родител од Прилеп во претпладневните часови на 20 мај во полиција пријавил дека неговиот шестгодишен син се изгубил во Тетово.

Според пријавата, на детето му бил изгубен траг на 18 мај околу 21.00 часот, кога си играло на детско игралиште во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на шестгодишното момче.