Тринаесетгодишно момче од Скопје било нападнато пред бурекџилница во скопската населба Чаир во вечерните часови на 20 мај.

Како што информираат од МВР, пред угостителскиот објект на улицата „Емин Дураку“, 13-годишникот физички го нападнале неколку непознати лица, при што еден од напаѓачите со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака.

Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош и бил задржан на лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.