Фото: Илустрација

Возач се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал со возилото на патот Јажинце – Тетово, информира МВР.

-На 13.05.2019 година во 12.00 часот на регионалниот пат село Јажинце-Тетово, во село Беловиште, Б.Ј.(45) од село Рогачево, управувајќи патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот- соопштува МВР во дневниот билтен.

Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Тетово.