Вработен во Психијатриската болница Демир Хисар бил нападнат од пациент додека бил на работното место.
„ На 25.10.2021 во Полициската станица Демир Хисар, лекар од Итна медицинска помош Демир Хисар пријавил дека кај нив помош побарал Р.П.(53) од с.Слепче, Демирхисарско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад од пациент во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Демир Хисар, каде Р.П. бил вработен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.