Денеска во раните утрински часови во тетовската полиција било пријавено дека настанал пожар во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче.
Во објекот почината била пронајдена 80-годишната Р.Ѓ. од ова село.
Пожарот, кој го пријавил нејзиниот 44-годишен син, бил целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица.
На местото на настанот бил извршен увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.