Фото: Нова Македонија/ Архива

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот е зголемен на патните правци надвор од градските средини поради зголемената фреквенција на возила.

На граничниот премин „Табановце“, за излез од земјава, се чека околу еден час. Приближно толку се чека и на граничниот премин „Богородица“, исто така за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез и излез од земјава.

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебно внимание се препорачува при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Предупредувањето особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Зголемената фреквенција на возила и подолгото чекање на дел од граничните премини се забележуваат и во текот на актуелниот летен период.