Фото: Влада

Набрзо група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-За нас беше многу важно безбедноста на граѓаните, учениците на наставниот кадар да биде на највисоко можно ниво и во тој дел апсолутно не е променето ништо со протоколите, значи безбедноста мора да се сочува на едно високо ниво. Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на Ви-Пи-Ен адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам. И ова како појава нас ни овозможи практично да направиме и промени во делот на протоколите за постапувањето – вели Спасовски во интервјуто.

На прашањето што е тоа што сега го прави полицијата, а што не можеше порано да го преземете за да ги избегнеме и стресовите на родителите и губењето на часови на учениците дека е индикативно како од моментот на донесување на новите протоколи се намалиле дојавите за бомби.

-За секоја работа треба да има добра подготовка. Требаше повеќе време за да ги видиме праксите за да заседава Советот за координација на безбедносните служби за да може оперативниот тим коишто се формираше да изработи предлог вакви мерки да се достават тие во МВР да се изработи целиот тој пакет на протоколи и да бидат донесени. Индикативно е како од моментот на донесувањето на новите протоколи од утредента имаме сериозно намалување или престанување на дојавите. Тоа само укажува дека интензивно се работеше не само кон подготовка на процедурата, туку и во делот на истрагите. И ние само ја детектиравме таа криминална група која се занимаваше со ваквите дојави, за голем дел од дојавите за поголем временски период и за повеќе институции во коишто беа дојавите. Секако дека постои и другата тенденција, а тоа е геостратешките интереси коишто се испреплетуваат во државата – вели Спасовски.