Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од минус 1 до 4 степени, а дневните од 5 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје и околината ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, утринската температура ќе се спушти до нула степени, а дневната ќе достигне до 8 степени.

До недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, а во текот на целиот период локално и над 80 литри на квадратен метар.

Поради продор на студена воздушна маса од север, за време на викендот врнежите на некои повисоки места ќе бидат од дожд и снег, додека на планините ќе паѓа снег, при што се очекува формирање на нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а утринските температури ќе бидат и под нулата, наведуваат од УХМР.