Евакуација на деца и наставници, спасување на заглавени лица од објект зафатен со пожар, укажување прва помош на повредени, беа дел од активностите на денешната симулациска вежба за заштита и спасување во случај на земјотрес проследен со пожар во основното училиште „Кузман Јосифоски Питу“ во скопската општина Кисела Вода.
Поттикнати од последните случувања со дојавите за бомби и земјотресите во Турција и Сирија во основното училиште „Кузман Јосифоски Питу“ во Скопје, Дирекција за заштита и спасување, Црвен крст и противпожарната бригада денеска направија симулациска вежба за спасување во случај на земјотрес проследен со пожари.
Децата и наставниците од училиштето беа вклучени во вежбите и имаа можност да ги проследат сите активности.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување д-р Беким Максути рече дека вежбите се исклучително важни.
-Денеска е ден на цивилната заштита затоа решивме на ваков начин можеби скромен, но и ради дојавите за бомби и тоа што бевме ангажирани во Турција решивме во оваа општина заедно да направиме една симулациска вежба со тоа што беа прикажани спасувања на луѓе од под урнатини, односно во случај на земјотрес проследен со пожари. Вежбите се исклучително важни за да од најмали возрасти научиме да се спрауваме со тоа што на некој начин не можеме да го предвидиме, земјотресот е една од тие опасности кои никако не може да го предвидиме, но можеме да придонесеме многу во однос на почитување на препораките, правилата и условите за полесно, побезбедно соочување, за добра градба за пристапни патишта – посочи Максути.
Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески вежбата ја оцени како успешна. Од Црвен Крст изразија целосна подршка за ваквите иницијативи, сопштија дека изминатата година имало над 5.500 ученици и персонал кои поминале слични вежби и зиразија надеж дека ваквите вежби ќе проодлжат и во иднина.
Во вежбата за првпат беа вклучена и Комората на психолози.
-На покана на Дирекцијата за заштита и спасување прпвпат во вакава вежба се вклучени и тим на психолози кои се специјализирани за интервении во кризи, односо да се згрижат не само физички туку и психолошки, односно да се погрижиме з менталното здравје на спасените, така да се надевам дека и понатака ќе оди иницијативата ќе има соработка која е добра за сите нас – порача Мирјана Јовановска Стојановска, претседателка на Комората.
Фото: Маја Јаневска-Илиева