Фото: Влада

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое што беше во најтешка состојба меѓу неевакуираните македонски државјани во Украина, со новороденче од само неколку дена, во моментов се дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напуши Украина, објави на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Тие се на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје – напиша Османи.

Тој потенцираше дека ова е најсложениот случај од процесот на евакуација.

– Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедувањето нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина – додаде Османи.

Тој информираше дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени македонски државјани за извлекување.

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од тие 50 останати, не се сите македонски државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да бидат евакуирани, информираше претходно на брифинг Османи.

Од тие 50, како што информира тој, 20 се во Киев, 20-ина се во други градови низ Украина.