Фото: Фејсбук/ДЗС

Заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи, во име на Македонија денеска го прими Врховниот државен медал за пожртвуваност од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, што се одржа во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе.

Фото: Фејсбук/ДЗС

Ердоган, пред присутните во салата, го изразил своето среќно искуство да им се придружи на локалните и странските тимови во акциите за потрага и спасување по земјотресите во Кахраманмараш и во Хатај.

Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата на Македонија.

На церемонијата на доделувањето беше присутен и амбасадорот на Македонија во Турција, Јован Манасојевски.