Марко Давчев/Фото: Фејсбук - приватна архива

Дваесет и деветгодишниот Марко Давчев од Струмица е исчезнат речиси една недела. Полицијата трага по него, откако неговиот татко пријавил дека последен пат го видел во саботата, кога син му излегол од дома.

– На 9 декември во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од МВР.

Веста за исчезнувањето ја објави фејсбук-страницата „Струмица денес“, при што е споделен апел од семејството за помош.