Фото: МИА/Илустрација

Дојави за поставени бомба пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје.

– Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа – соопштија од МНР.

Дојави за поставени екплозивни направи пристигнале и до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз- Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.
Дојава за поставена експлозивна направа била испратена утрово во основно училиште во Кавадарци, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

– Околу 8.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето – појасни Самарџиев.

Тој додаде дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Минатата седмица, вакви закани беа испратени во шест основни и средни училишта во Кавадарци и се покажа дека дојавите биле лажни.