Куман (59), кој беше селектор на Холандија од 2018 до 2020 година, во април годинава беше ангажиран да ја преземе функцијата по Светското првенство. Тој ги предводеше Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајндховен, АЗ Алкмар и Феенорд во Холандија, како и Евертон и Саутемптон во Англија, Барселона и Валенсија во Шпанија и Бенфика во Португалија

ВЕДНАШ ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА ОД СП 2022

Роналд Куман го почнува вториот мандат како селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, бидејќи одново е назначен на таа функција еден ден откако третиот мандат на Луис Ван Гал како селектор на Холандија заврши со поразот од Аргентина во четврт-финалето на Светското првенство (СП) во Катар, по изведувањето пенали, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Куман (59), кој беше селектор на Холандија од 2018 до 2020 година, во април годинава беше ангажиран да ја преземе функцијата по Светското првенство. Тој ги предводеше Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајндховен, АЗ Алкмар и Феенорд во Холандија, како и Евертон и Саутемптон во Англија, Барселона и Валенсија во Шпанија и Бенфика во Португалија. Холандските тренери често се враќаат на репрезентативната работа. Во текот на изминатиот половина век, Ринус Михелс имаше четири мандати, Дик Адвокат три, а Лео Бинхакер и Гус Хидинк по два мандата, пишува АП.
Холандските медиуми и дел од јавноста забележуваа поради недостигот од пријатна естетика во играта и надевајќи се на слободна офанзивна убавина од претходната ера, пишува АП.
– Фудбалот се развива и многу е потешко отколку пред 20 години да се игра офанзивно како што играше Ајакс. И ако не успеете да го видите тоа или не го разберете, тогаш е многу тешко да разберете дека вака одат работите. И кога во 2014 година почнав да развивам поодбранбен систем, луѓето ме критикуваа. Но сега половина свет игра таков фудбал – изјави Ван Гал, пренесе АП.
Во пресрет на Европското првенство (ЕП) во 2024 година, кое почнува по 18 месеци, дефанзивците Дејли Блинд (32) и Вирџил ван Дијк (31) се највозрасните меѓу редовните стартери, пишува АП. Играчите од средниот ред Чави Симонс (19) и Џенет Тејлор (20) и дефанзивците Џереми Фримпонг (22) и Тајрел Маласија (23) се меѓу младите фудбалери на Светското првенство што не играа многу.
– Она што го оставам зад себе е одлична група. Ова е тим што беше многу близок, е многу близок, со тимски дух и со многу фудбалски вештини – рече Ван Гал.
Холандија, која во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година е во група со Франција, Гибралтар, Р Ирска и со Грција, ќе игра со Шпанија, Италија или со Хрватска во полуфиналето на Лигата на нациите на 14 јуни в година, а четири дена подоцна следува мечот за трофејот или дуелот за третото место.