До општина Куманово не е поднесено барање за отворање на меморијалениот комплекс на УЧК во Сопот, тврди во изјава за медиуми кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Вели дека за музејот на УЧК дознал од медиумите и дека општината веќе врши вонреден инспекциски надзор на терен, кој ќе треба да утврди како бил изграден комплексот и дали истиот е дивоградба. Според Димитриевски станува збор за самоволие на лидерот на инегративците Ахмети, а самиотот настан е во насока на подгревање на меѓуетнички тезнзии во државата.
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на отворањето на меморијалниот комплекс на УЧК во Сопот гледа националистички испад на Али Ахмети, на кој според него не треба да му да даде поголемо внимание. Меѓутоа вели дека очекува националистички провокации и во педизборниот период и ги повика граѓаните да не наседнуваат на нив.
-Треба во периодот што следи граѓаните да бидат внимателни, бидејќи секогаш ДУИ кога се фатени во лоповлук, во кражба, во пљачка, тие веднаш вртаат на националните теми, односно на национализам и шовинизам. ДУИ е веќе во кампања, периодов што следи вакви провокации ќе има. Колку се тие провакции националистички поголеми, бидете свесни дека повторно некој тендер се решава во четири очи и повторно се пљачкаат македонските граѓани – вели Мицкоски.
За меморијалниот комплекс кој бил отворен викендот во кумановското село Сопот, информираше лидерот на интегративците Али Ахмети преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од музејот. На нив меѓу музејските експонати може да се забележат фотографии на команданти на поранашната УЧК, како и ликови од воениот конфликт во Македонија, но и знаме со Голема Албанија. Мермерна плоча со карта на „Голема Албанија“ во која влегуваат и делови од Македонија и Србија, според фотографиите, е поставена и на самиот влез на комплексот.