Делегации на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ предводени од лидерот Христијан Мицкоски се упатија кон црквата Свети Спас за да му оддадат почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Тие претходно се собраа пред седиштето на партијата каде од вчера е поставен голем плакат со испишани мисли на Делчев.
Најавено е дека цвеќе пред гробот на Делчев ќе положат вкупно 11 делегации од партијата.
А предвидено е одржување и на т.н. „историски час“ на кој учество ќе земат Мицкоски, Александар Пандов и Ванчо Ѓорѓиев, во Домот за култура „Биљана Беличанец” во Кисела Вода од 15 часот.