Градоначалничката Данела Арсовска денеска го назначи Драган Илиевски за нов в.д. директор на Зоолошката градина.
Од град Скопје попладнево соопштија дека на оваа функција доаѓа Илиевски.
-Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет, а има завршено магистерски студии по економија – се вели во соопштението.
Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот в.д. директор Кристијан Стаменов.