Лидерите на албанските партии се во Тирана на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за ТВ21 рече дека средбата е пријателска и братска.
На прашањето за темите за кои ќе се разговара на оваа средба, тој одговори дека ќе се фокусира на зајакнување на заедничката стратегија кон заедничкиот европски пат.
– Средбата е пријателска, братска. Ќе ги видиме темите. Сите теми кои се профитабилни, особено ме интересира градење и зајакнување на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската Унија. Ова е исклучително важна мисија за нашата земја. Зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата – рече Ахмети.