Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Турција во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорите биле унапредувањето на билатералната соработка и зајакнувањето на партнерството меѓу двете земји, пренесе МИА.
Како што информираше Мицкоски, на средбата станало збор за продлабочување на традиционално добрите и пријателски односи, како и за можностите за развој на соработката во повеќе области од заеднички интерес.
-Македонија и Турција имаат долготрајно пријателство, кое продолжуваме да го развиваме преку меѓусебна почит, доверба и соработка – објави Мицкоски на Фејсбук.

































