Претседателот на Владата, Оливер Спасовски на прес-конфереција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај на заболен од коронавирусот.

– Сите државни служби се во целосна подготвеност, нема причина за паника, бидејќи воспоставена е контрола и преземени се сите мерки во согласност со протоколите. Преминуваме во следната фаза на справување. Граѓаните треба да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, а институциите имаат стручни кадри и опрема – рече тој.

На новинарско прашање Спасовски одговори дека на сите училишта им дале задолжение да ги откажат екскурзиите во Италија, но засега сметаат дека нема потреба од никакви други ограничувања.