Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од минус два до пет, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од еден до 24 степени.

Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во вторник.