Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од осум до 19 степени.

Во Сккопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.