Фото: илустрација

Радиото „Слободна Македонија“ остана без дозвола за емитување, одлучи советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), на вчерашната седница.

ААВМУ заклучи дека радиото повеќе не ги исполнува минималните кадровски услови за добивање дозвола за емитување, по претходно извршен вонреден надзор.

Лиценцата на радио-станицата е одземена со едногласна одлука, поради неисполнување на условите од правилникот за услови, односно поради недоволен број на вработени лица.