Персоналот на Одделот за интензивна нега на болницата „8 Септември” утрово протестира пред канцеларијата на директорот Христијан Костов, барајќи заштита по последниот напад, од роднини на починат пациент, пренесуваат повеќе медиуми. Инцидентот се случил синоќа, интервенирала и полицијата. Во тек е состанок на претставници на Синдикатот со директорот.