Општина Охрид ќе спроведе активности за уредување на начинот ка кој ќе се стопанисува со плажите на Охридското Езеро, најави градоначалникот Кирил Пецаков.

Тој напомена дека веќе имал работни средби со надлежните во Министерството за транспорт и врски на кои побарал вметнување на плажите во опфатите во урбанистичките планови за да може да се предвиди на каков начин ќе се уредуваат и издаваат под концесија. Градоначалникот од државните институции побарал и заокружување на сите потребни процедури со цел за изнаоѓање начини за издавање на плажите под концесии на јавно наддавање.

Пецаков посочи и дека плажите ќе бидат уредувани согласно препораките на УНЕСКО.