Карди Би на доделувањето/ Фото: Твитер-Американски музички награди

Карди Би го отвори годинашното гламурозно доделување на Американските музички награди облечена во црн фустан и златна маска од модната куќа „Скапарели“, позната по својот надреалистички пристап кон модата, надополнети со црн превез, обетки, ракавици и долги нокти, пренесува „Си-ен-ен“.

Фото: Твитер

Додека беше водителка на доделувањето, Карди Би исто така беше номинирана во повеќе категории, а победи во категоријата за омилена хип-хоп песна со нумерата „Up“.

Фото: Твитер

Таа на Твитер објави дека за подготвување на нејзината гардероба за Американските музички награди ѝ бил потребен околу еден месец.

Фото: Твитер

Јужнокорејскиот К-поп бенд БТС годинава ја освои главната награда, само четири години по нивното прво појавување во шоуто на кое гласаат музичките обожаватели. Седумчлениот бенд од Јужна Кореја извојува победа над Тејлор Свифт, раперот Дрејк, поп-ѕвездата Аријана Гранде, тинејџерскиот феномен Оливија Родриго и Канаѓанецот Д Викенд за најголемата награда на вечерта – уметник на годината.