Меѓународната организација на трудот од 2003 година го назначи 28 април за Светски ден за безбедност и здрваје при работа, со цел глобално спречување на повреди и професионални заболувања на работното место. Македонското здружение за заштита при работа, традиционално, почнувајќи од 2008 година, по повод 28 април, објавува Годишен извештај за несреќи при работа.

Извештајот за несреќи при работа е независен, а како извор за добивање на податоци за несреќите при работи, пред се, се користени информациите објавени во медиумите во Македонија во рамки на тековната година.

– Податоците за 2019 година потврдуваат дека се гине на работните места. Имено, во 2019 година, 25 работници го изгубија својот живот. Во нивна чест и сеќавање, на 28 април, го започнавме проектот за создавање на најмалиот парк на светот, во кој ги посадивме фиданките од дрвцата во спомен на загинатите работници во текот на 2018 година. Тоа ќе го повториме и оваа година. Со почеток во 10.30 часот во истиот парк во Општина Лисиче, ќе бидат засадени 25 дрвца, бројот на новите садници го отсликува бројот на загинатите на работното место во текот на 2019 година – соопшти Македонско здружение за заштита при работа.