Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид и оваа година традиционално ја накити новогодишната подводна елка кај градското пристаниште.

Учествуваа дваесетина нуркачи, како и гости од клубот „Пена“ од Тетово.

Поставувањето на елката е посветено на децата со ретки болести.
Клубот донираше ваучери од по 10.000 денари на три семејства од ранлива категорија од Охрид.
Елката ќе може да се виде од градското пристаниште до 14 јануари 2023.

Фото: Клуб за подводни дејности „Охрид“