фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 523 тестови, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19: Скопје – 38, Битола – 5, Прилеп – 3, Неготино – 2, Охрид и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (50), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Куманово – 4, Битола и Прилеп – по 2, Тетово и Велес – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.179.652 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 343.850, бројот на оздравени пациенти е 334.007, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 284.