Фото: Маја Јаневска-Илиева

Засега не треба да се прават дополнителни рестрикции, истакна министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на денешната прес-конференција моменталната ситуација ја оцени како крајно сериозна, но изрази уверување дека здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Апелира да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки и да не се излегува од дома ако се нема потреба, освен за во маркет, на работното место или во училиште.

– Вирусот е широко распостранет, и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција – рече Филипче.

Министерот нагласи дека во овој момент се целосно исполнети капацитетите на Инфективната клиника и модуларната болница, а целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со ковид-19. Во моментов, Центарот за белодробни болести сè уште има слободни капацитети.