фото: Зоран Антоски

И третиот новозаразен случај од ковид-19 евидентиран во епидемиолошката карта на Македонски Брод е од село Пласница. Се работи за лице на 52-годишна возраст, која од матичниот лекар била упатена на инфективното одделение во Прилеп, од каде била препратена на интерното одделение и каде е констатирано дека е заразена од коронавирус. Ова ни го потврди доктор Спаско Ѓурчиноски, член на Кризниот штаб од Македонски Брод.

– И во третиот случај на заразен од коронавирусот, во епидемиолошката карта на Македонски Брод е жител од село Пласница. Се работи за лице од 52 години со одредени коморбидитети, која од матичниот лекар во селото била упатена во Прилепската болница, најпрво на инфективното, а потоа и на интерното одделение, каде е и потврдено дека истата особа е заразена од ковид-19. Инаку двата претходни случаи се оздравени и после подолг период Македонски Брод се впишува во картата на градови каде што е евидентиран новозаразен од ковид 19 – истакна Ѓурчиноски.

З.А.