Фото: Зоран Антоски

По новогодишните празници состојбата со ковид-19 во Кичево е поволна, со стагнантен број на новозаболени и драстичен пораст на оздравени. Така неколку дена по ред бројот на инфицирани лица е под десет, а во изминатото деноноќие бројот на оздравени се искачи на дури 34 лица, што по три месеци придонесе бројот на активни случаи да се спушти на само 182 лица.

И покрај поволните вести поврзани со ковид-19 во Кичево, кај здравствените работници постои резерва, дали ќе продолжи поволниот тренд со помал број на новозаболени и зголемен број на оздравени.

– Благодарение на мерките што ги презеде Владата, бројките поврзани со ковид-19 во нашата општина се  многу поволни. Бројот на тестови во работните денови е голем и нешто помал за празниците, така што, намалениот број новозаболени не се должи на помалиот број тестирани лица, туку на реалната состојба во општината.

Во нашата болница се згрижени 13 лица инфицирани со ковид-19, три лица имаме во „8–ми Септември“ и тојца на инфективните клиники  во гланиот град, останатите 182  лица се на домашно лекување, и радува фактот што во изминатите два дена немаме починато лице заразено од овој вирус. Наскоро ќе биде завршен модуларниот ковид-центар во кругот на нашата болница, каде ќе можеме да згрижиме околу 50 пациенти. Деновиве треба да се опреми овој центар и до крајот на месецов да ги отвори вратите за првите пациенти – истакна д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом.