Министерството за здравство соопшти дека утре во 10 часот изутрина на граничниот премин Табановце ќе пристигне првата пратка на вакцини од Република Србија.

На примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.