Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава без да ги почитуваат мерките против коронавирус.

Според информациите од МВР, вчера околу 21 часот било пријавено во полиција дека полициски службеници прават забава во село Куклица, Кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од ковид-19.

– Веднаш се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во село Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност. Тие биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик – соопшти МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот.