Петар Богојески од Македонски концепт објави дека е позитивен на ковид-19. Тој на својот Фејсбук напиша дека утрово се разбудил со симптоми.

– Ве известувам дека заболев од ковид-19 и започнувам со лекување!. Јас ќе направам напор сите поединечно да ги информирам! Ви благодарам! – напиша меѓудругото Богојески.