Општина Куманово бара времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општата болница, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за ковид-19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во болницата, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во ЦЈЗ – Куманово.

Исто така, општината бара да се даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.

Исто така, општината апелира до граѓаните да не се користат детските катчиња коишто се затворени и да не се собираат во групи повеќе од двајца како и апел броевите за пријавување за помош со социјални пакети да не се злоупотребуваат и да ги користат исклучиво најзагрозените случаи од општината.