„Визер“ вчера спроведе нови вонредни летови со кои превезе 138 македонски државјани од Лондон Лутон кои немаа можност да се вратат дома поради рестрикциите за патување предизвикани од пандемијата ковид-19.
И новите летови повторно се резултат на блиската соработката помеѓу „Визер“ и Владата.
„Визер“ повторно одговори со навремена и брза помош на патниците кои имаа потреба да се вратат дома кај своите сакани, соопшти компанијата.

Првиот лет беше од Скопје до Лондон Лутон, слетувајќи на дестинацијата во 14:15 часот по локално време на 06 Април. Од таму со 138 патници на летот, авионот се врати во Скопје каде слета во 19:00 часот по локално време. Вклучувајќи го и овој лет „Визер“ вкупно дома врати повеќе од 600 македонски граѓани од Хрватска, Малта и Германија.