Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека е негативен на коронавирусот и дека завршува неговиот 14-дневен карантин.
– Мојот карантин завршува, се посветувам на моите редовни активности. Овој Велигден е поразличен од оние кои ги паметиме. Овој најголем празник ќе го прославиме во кругот на семејството, и така ќе спасиме човечки животи, а на Христовото воскресение ќе се радуваме со нашите најблиски. Многу среќа, успеси и следниот Велигден заедно да го славиме во Божјите храмови. Бидете живи и здрави – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Претходно и претседателот на СДСМ, Зоран Заев објави дека и вториот тест на коронавирус му е негативен.